Брегзит: Предлогот на Тереза Меј недоволен за ЕУ

Вчерашната средба на лидерите на 27 земји членки на ЕУ и британската премиерка Тереза Меј за Брегзит не донесе опиплив напредок во преговорите помеѓу двете страни, пет месеци само до крајниот рок за напуштањето на Обединетото Кралство на ЕУ.

Средбата беше најавена како клучна за да се изнајде излез од ќор-сокакот кој се должи главно на проблемот со ирската граница.

Според првичните рокови, Брисел и Лондон требаше до октомври да постигнат договор за Брегзит, но по вчерашната средба решение нема, и ризикот од „хаотичен“ Брегзит без договор е се поизвесен.

Проблемот околу ирската граница е срцето на овие преговори бидејќи од неа зависи интегритетот на европската царинска унија но и поради тоа ризиците од нови верски тензии помеѓу Католиците и Протестантите на островот.

Eвропската Унија неодамна понуди како решение Северна Ирска да остане дел од царинската унија одредено време, но овој предлог беше отфрлен од страна на северноирските власти кои во ова решение гледаат де факто одвојување од остатокот на Обединетото Кралство. Британската премиерка тогаш возврати со понуда Британија да остане дел од заедничкиот пазар, но со флексибилен аранжман, што беше отфрлено од страна на ЕУ.

Синоќа премиерката Меј на состанокот настапи со предлог да се продолжи транзициската фаза на останување во ЕУ на Обединетото Кралство на три години наместо 21 месец, но предлогот не добил поддршка од останатите лидери, брифираат дипломати.

Планот беше дека ако се постигне значителен напредок на вчерашната средба, претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, ќе свика нов вонреден самит во ноември посветен на Брегзит.

Дипломатски извори брифираат дека за сега не се планира такво нешто и дека никој не го дели оптимизмот на Тереза Меј.

Состанокот со Меј бил многу кус, помалку од еден час.
-Морам да кажам дека многу од тоа што ни го кажа ни беше веќе познато, немаше потреба од долги дискусии, изјави австрискиот премиер, Себастијан Курц по самитот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...