Вкупно 30 загинати при невремето во Италија

Билансот на жртвите во невремето, проследено со силен ветер и поројни дождови, што минатата недела ја погоди Италија, според последните податоци изнесува 30 загинати, од кои 12 ги загубиле животите на Сицилија, соопштија синоќа италијанските власти.



Меѓу жртвите се и девет членови на две семејства, вклучително и две деца и тинејџер, кои за време на поплавите предизвикани од невремето останале заглавени во диво изградена куќа во местото Кастелдача во близина на градот Палермо на Сицилија.

Италијанската агенција за цивилна заштита информира дека меѓу загинатите е и еден турист од Германија, кој го загубил животот при удар на гром на островот Сардинија.

Според проценките на италијанските власти, при невремето во цела Италија биле откорнати или искршени околу 14 милиони дрва.

Најголеми материјални штети се предизвикани во реонот на Венеција, каде покрај поплавите имаше и појава на неколку свлечишта.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...