Ердоган: Трпеливо чекаме објаснување од принцот

Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган изјави дека трпеливо чека објаснување од саудискиот принц Мохамед Бин Салман за убиството на новинарот Џамал Кашоги.



Ердоган рече дека снимката од убиството која Турција го сподели со други држави е толку ужасна што еден саудиски разузнавач кој ја преслушал снимката смета дека убиецот бил под дејство на хероин. Турскиот претседател вели дека саудискиот принц ги уверил дека ќе го расветли убиството и ќе го направи она што е неопходно.

Кашоги влезе во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул на 2 октомври и оттаму никогаш не излезе. По повеќедневни притисоци официјален Ријд им дозволи на турските истражни тимови да влезат во зградата на Конзулатот. Откако стана јасно дека дописникот на „Вашингтон пост“ со саудиско потекло веќе не е жив, Ријад призна дека Кашоги е мртов и оти тоа се случило при несреќни околности при испитувањето во Конзулатот. Ријад наводно не знаел за акцијата на специјалците кои со намера да го натераат Кашоги да се врати во Саудиска Арабија дошле во Турција на денот кога тој бил во Конзулатот, а истата вечер го напуштиле Истанбул.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...