Меркел: Без европска димензија, сите се изгубени

Германската канцеларка Ангела Меркел изрази загриженост поради се поприсутните аспирации за вртење грб на мултилатерализмот и насочување кон сопствената земја, додавајќи дека предизвиците на денешницата државите не можат да ги совладаат поединечно.



Меркел, во своето синоќешно обраќање на свечената вечера во организација на весникот „Зидојче цајтунг“, истакна дека сега го одбележуваме завршувањето на Првата светска војна, по која многу брзо следеше и Втората, а, како што рече, знаевме што ќе се случи оти луѓето не се почитуваа, туку понижуваа, треба да се види дали нешто сме научиле од страшното минато.

-Во време кога исчезнуваат сведоците на страотните настаните од Втората светска војна, постојат силни аспирации кои велат дека не сакаме заедништво и оти нивната земја им е најважна. Тоа ме прави неспокојна и сметам дека сега дојде времето кога треба да покажеме дали сме научиле од историјата или повторно не, рече Меркел.

Според неа, очевидно недостасува доверба, поради настаните со кои се соочивме како финансиската криза, кризата во еврозоната, мигрантската криза, но, исто така, исламскиот тероризам, а сега и дистанцирање од мултилатерализам.

Според Меркел, мултилатерализмот, кој е создаден по Втората светска војна, е нешто што некои сметаат дека треба да се брани, а други дека мора да биде уништен.

Меркел смета дека е важно да се создава доверба за да не се шири недовербата во празниот простор што е оставен. Таа говореше и за важноста на соработката меѓу државите.

Според неа, лоша вест за Германија и Европа е што веќе не се тие кои го предводат развој на технологијата, туку сега се тоа други земји и региони.

-Поради тоа е важно да се направи реална анализа, а потоа, потпирајќи се на нашата индустриска моќ, да се развие своја политика. Прашањето е кој ќе победи – тој кој има клиенти или оној кој произведува. Тоа е предизвик за Германија, а таа во тоа не може да победи сама, туку тоа е можно само заеднички во Европа , истакна таа.

–Без европската димензија сите се изгубени. Тие кои мислат дека можат сами, однапред се изгубени, потенцира Меркел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...