Меј: Договорот не е совршен, но е „најдобриот можен“

Британската премиерка Тереза Меј изјави дека Договорот што го постигна со ЕУ за Брегзит, а кој Парламентот допрва треба да го одобри, не е совршен, но е „најдобриот можен“ договор.



Таа нагласи дека со таков Договор не се доведува во ризик Велика Британија да се најде во ситуација да бира помеѓу Брегзит без договор или воопшто да не ја напушти Унијата.

– Не велам дека овој Договор е совршен. Никогаш нема да биде, истакна Меј во британскиот Парламент, во пресрет на клучното гласање за нејзиниот план за Брегзит, закажано за 11 декември.

Таа додаде дека Велика Британија не би требало да дозволи потрагата за „совршен Брегзит може да спречи добар Брегзит“.

Од друга страна, поранешниот министер за надворешни работи на Велика Британија Борис Џонсон изрази надеж дека Парламентот ќе гласа против договорот за Брегзит.

Џонсон договорот го нарече „национално понижување, со кој е исмеана одлуката да се напушти ЕУ“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...