Макрон бара партиите да испратат јасни повици за смирување на ситуацијата

Францускиот претседател, Емануел Макрон денеска побара од „политичките и синдикалните сили и работодавачите да испратат јасен и експлицитен повик за смирување”, рече портпаролот на Владата, Бенџамин Гриво, со цел понатаму да се спречат ризиците од ново насилство во кризата со “жолтите елеци”.

„Во овој момент е најважна Републиката”, додаде Бенџамин Гриво, цитирајќи го шефот на државата, по одржаниот состанок на Советот на министрите, пренесува дописникот на МИА.

Емануел Макрон “инсистираше на тоа дека некои денес се стремат кон една иста цел: да ја нападнат Република”, рече Гриво. Шефот на државата, исто така, го осуди “виновничкиот молк и опортунизам на оние кои се вклучени во овие однесувања”.

– Во тој контекст повика на мобилизација на секој член на владата, но, исто така, повика на чувство на одговорност на сите наши засегнати страни, а претседателот на Републиката побара од политичките сили, синдикалните сили, работодавачите да испратат јасен и експлицитен повик за смирување и почитување на републиканската рамка, инсистираше Гриво.

Извршната власт денеска се обидува во Парламентот и во медиумите да ги брани своите мерки за ублажување на кризата со “жолтите елеци”, кои истите ги оценија како недоволни, со ризик од нов викенд на насилство.

– Повици за насилство врз полицијата се шират на социјалните мрежи, при што се користат зборови кои се насочени кон мажите, сопругите и нивните најблиски, пишува француската полиција на својот налог на Твитер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...