Жолтите елеци: Одлуката на Макрон е донесена предоцна

Француските демонстранти ја поздравија синоќешната одлука на претседателот Емануел Макрон, кој се откажа од зголемување на данокот за гориво планирано за следната година, но истакнаа дека можеби тоа не би било доволно да се смири гневот на јавноста.

– Мислам дека одлуката е донесена предоцна, изјави портпаролката на Жолтите елеци, Жаклин Муро.

Таа додаде дека сега различни протестни групи ќе одлучуваат за понатамошните чекори, но оцени дека е многу веројатно дека ќе продолжат со протестите.

Потегот на Макрон е исправен, но мислам дека нема суштински да го смени курсот, посочи Муро.

Таа ги повика демонстрантите да ја искористат слабоста на француската Влада и да поднесат и други барања, како што е зголемување на минималната плата.

– Француската Влада се откажа од зголемување на данокот на гориво во 2019 година, кој претходно беше суспендиран на шест месеци, изјави синоќа францускиот премиер Едуар Филип.

Тој пред пратениците во францускиот Парламент наведе дека „засега се откажува од зголемување“ во буџетот за 2019 година и и порача на Владата „да се подготви за дијалог“.

Неименуван претставник на Елисејската палата изјави дека претседателот Емануел Макрон се откажал од зголемување на данокот за гориво поради страв од ново насилство, по повеќенеделните протести ширум Франција и најголемите немири во Париз по повеќе децении.

Антивладините протести, што почнаа минатиот месец поради зголемување на данок на гориво прераснаа во протести од големи размери и гнев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...