Јункер: ЕУ се подготвува за Брегзит без договор

Европската комисија ќе ги забрза подготовките во случај Велика Британија да излезе од ЕУ без договор за уредено истапување, изјави претседателот на Еврокомисијата, Жан-Клод Јункер.

– Нашите британски пријатели треба да кажат што сакаат наместо да ни кажуваат што сакаме ние, изјави синоќа Јункер, по завршувањето на првиот дел од Самитот на лидерите на ЕУ, посветен на Брегзит.



Јункер најави дека Европската комисија в среда на 19 декември ќе ги објави „сите корисни информации, кои се однесуваат на подготовките за Бгрегзит без договор“.

Според него, „незамисливо“ е Велика Британија да мисли оти ЕУ треба „да понуди одговори“.

– Станува збор за тоа дека британската Влада треба да ни каже што точно сака, наведе Јункер, додавајќи дека му е „тешко да го разбере расположението на британските пратеници“.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск пак оцени дека британската премиерка Тереза Меј има „тешкотии“ да го убеди британскиот Парламент да го одобри договорот и оти побарала „дополнителни гаранции“.

Според извор од Брисел, атмосферата на работната вечера на Самитот била „многу лоша“. Истиот извор наведува дека „Тереза Меј не била способна да искаже што сака“, а германската канцеларка Ангела Меркел често ја прекинувала и прашувала што точно очекува.

Меј може да очекува помош само ако следните недели се појави со конкретни предлози, изјави друг извор.

Британската Влада го одреди 21 јануари како последен рок за гласање за договорот во Парламентот.

Европскиот совет во заклучоците повтори дека „заштитната мрежа“ за ирската граници ја планира како привремена мерка и дека, и да дојде до нејзина примена, ЕУ „ќе стори се што е во нејзина моќ за брзо склучување на договор што ќе ја замени“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...