Курц: Не смееме Африка да им ја препуштиме на Кинезите

Австрискиот канцелар Себастијан Курц на Форумот ЕУ-Африка што се одржува во Виена изјави дека Унијата не смее африканскиот континент да им го препушти на Кинезите.

Како што најави, Форумот треба да поттикне промена на парадигмата со цел покрај класичната развојна помош, повеќе внимание да се посвети на економската соработка и инвестициите.



ЕУ, потсети Курц, е најголем донатор, затоа што во развојот на Африка помага со повеќе од 50 отсто од уделот во целата помош од светот.

– Во однос на инвестициите, тука има уште многу простор, констатира Курц.

Тој нагласи дека, поради предвидениот силен пораст на населението во Африка, се очекува до 2025 година на тој континент да живеат повеќе од две милијарди луѓе, постоји потреба од посилен економски раст, и оти со инвестиции треба да се создаваат можности за обука, како и работни места.

Форумот ЕУ – Африка е последната конференција во рамките на австриското претседателство со Европската унија.

Високи политички претставници на држави од африканскиот континент пристигнаа во Виена за да разговараат со колегите од земјите-членки на ЕУ за подобрување на економските односи меѓу двата континенти, посебно во областа на дигитализацијата и иновацијата.

На собирот учествуваат претставници на 25 африкански држави меѓу кои седум претседатели или шефови на влади, како и 13 шефови на држави и влади од ЕУ, и претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.Пол Кагаме

Состанокот го отворија австрискиот канцелар Себастијан Курц чија земја до крајот на годината претседава со Европската унија, и претседателот на Руанда Пол Кагаме, актуелен претседавач со Африканската унија.

Форумот се одржува под засилени мерки за безбедност, а армијата засилено го надгледува воздушниот простор над Австрија при што се ангажирани 22 воени авиони и повеќе од 900 војници



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...