Меркел: Германија ќе продолжи со глобално решавање на предизвиците

Германската канцеларка Ангела Меркел во новогодишното обраќање до нацијата порачува дека Германија во 2019 година ќе продолжи да се залага за глобално решавање на предизвиците, нагласувајќи дека Берлин „мора да преземе поголема одговорност во светот“.



Во снименото обраќање, што ќе биде емитувано вечерва, Меркел нагласува дека вниманието на Германија во новата година првенствено ќе биде насочено кон климатските промени, контролата со миграцијата и борбата против тероризмот.

– Сакаме да ги решиме сите овие прашања поради нашиот сопствен интерес, а тоа можеме најдобро да го направиме ако ги земеме предвид и интересите на другите, истакнува Меркел во пораката.

Сепак, според неа, сите во светот не го споделуваат ваквото мислење, што предизвикува притисоци во меѓународната соработка.

– Во таква ситуација мораме да станеме, да се залагаме и да се бориме за нашите убедувања и мораме да преземеме поголема одговорност поради нашиот сопствен интерес, смета Меркел.

Таа нагласува дека Берлин се залага за „глобални решенија во ОН“ и сака ЕУ да биде „многу посилна и способна самата да носи одлуки“, која ќе го задржи „блиското партнерство“ со Велика Британија.

Во обраќањето до своите сонародници, Меркел им порачува на изборите за Европскиот парламент во мај идната година „да придонесат ЕУ да остане проект на мирот, благосостојбата и безбедноста“.

Осврнувајќи се на нејзиното повлекување од местото лидер на владејачката Христијанско демократска унија (ЦДУ), Меркел потенцира дека планира да остане на местото канцелар до крајот на сегашниот мандат во 2021 година.

– Демократијата живее од промени. Го градиме она што ни го оставија нашите предци и ги обликуваме работите во сегашноста за оние што доаѓаат по нас, истакнува Меркел во новогодишното обраќање до Германците.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...