Во Франција потврдено присуството на потенцијално опасни супстанции во пелените за бебиња

Француската национална агенција за здравствена безбедност го потврди присуството на хемикалии во многу пелени, кои се потенцијално опасни за бебињата. Притоа таа препорачува истите да се забранат и да се воведе подобра контрола на продадените производи. Владата бара во рок од 15 дена производителите на пелени да одговорат на „обврските”, јавува дописникот на МИА.

Заклучоците на Националната агенција за безбедност на храната, животна средина и работата(AНСЕС) сигурно дека ќе ги вознемират родителите. Таа потврдува дека пелените за еднократна употреба, кои ги носат мнозинството бебиња, содржат многу хемиски супстанции во дози повисоки од дозволените санитарни прагови.

Агенцијата го потврдува тоа што го констатира магазинот “60 милиони потрошувачи”, кој ја пренесе студијата на Националниот институт за потрошувачка (ИНЦ), објавена уште во 2017 година.

-Тоа може да бидат намерно додадени супстанции во пелените, како парфеми, кои можат да предизвикаат алергии на кожата кај бебињата, вели Жерард Лафарж, заменик генерален директор на AНСЕС.

Некои од овие супстанции доаѓаат од контаминирани суровини. „Тоа можат да бидат забрани пестициди … Пронајден е глифосат “, вели професорот Лафраж.

Други се вметнуваат во процесот на производството, како што се „ПЦБ, диоксини или фурани”, хлорирани деривати кои „веројатно доаѓаат од процесите на протеински слоеви”, претпоставува тој.

Опасен коктел, бидејќи токсичноста на овие производи најчесто доаѓа од нивната акумулација во телото. Треба да се знае дека секое бебе носи „околу 4000 пелени (…) во текот на првите три години од својот живот”, потсетува Агенцијата.

-Ние не можеме да го исклучиме здравствениот ризик за бебињата, предупредува Жерард Ласфарж.

Властите се повикуваат да ја „зајакнат контролата на хемиските супстанции” и да „донесат регулаторни ограничувања” на национално и европско ниво. Сега е можно, благодарение на Регулативата на ЕУ REACH (Регистрација, Евалуација, Овластување и ограничување на хемикалии), да ги принудат на производителите да ги намалат или отстранат опасните супстанции, или дури да постават забрани за вакви видови на пелени. За ова, француската држава мора да поднесе досие до REACH. Потоа треба да чека најмалку 18 месеци пред да добие одлука од Европската комисија.

На препораките на Агенцијата реагираше владата.

Во заедничката изјава, министерствата за здравство, економија и екологија бараат „производителите и дистрибутерите да се обврзат да ги отстранат овие супстанции од пелените во рок од 15 дена”. Министерствата притоа нагласуваат дека не постои „сериозна и непосредна опасност” од пелените.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...