Нова книга за Ватикан: 80 отсто од свештениците се хомосексуалци

Околу 80 отсто од свештениците во Ватикан се хомосексуалци, се тврди во новата книга на поранешниот советник на владата на Франција Фредерик Мартел.



Именувајќи го феноменот како „ватиканско хомофобно лицемерие“, Мартел во својата книга „In the Closet of the Vatican“ зборува за наводни тајни врски, машки проститутки и вџашувачко лицемерие од страна на најголемите анти-геј структури во Католичката црква.

Во книгата која треба да излезе од печат следната недела се посочува дека тие свештеници нужно не биле сексуално активни. Авторот тврди дека некои хомосексуални свештеници ја прифатиле својата сексуалност, некои ја држеле во тајност, а дел од нив повремено ја практикувала, изложувајќи се на ризик. Меѓутоа, некои од нив цел живот ја порекнувале својата сексуална ориентација, пренесува „Гардијан“.

Книгата од 570 страници, која новинарот и писател Мартел ја подготвувал четири години, следната среда ќе биде објавена на осум јазици во 20 земји, а се совпаѓа со денот на отворање на големата конференција во Ватикан за сексуалното злоставување.

Иако книгата не ја поврзува хомосексуалноста со сексуалното злоставување деца, Мартел во книгата опишува дека одделни свештеници биле учени да не го осудуваат злоставувањето и со самото тоа дел од жртвите на сексуални напади и по неколку децении молчеле за тортурите низ кои минувале.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...