Јункер бара исклучување на партијата на Орбан од ЕПП

Партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Фидес би требала да ја напушти Европската народна партија (ЕПП), изјави синоќа претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, притоа споредувајќи го Орбан со лидерката на француската екстремна десница Марин Ле Пен.



– Тие не гласаа за мене. Ниту екстремната десница. Се сеќавам Марин Ле Пен, рече: „Јас не гласам за вас”. Јас и реков: „Не го сакам вашиот глас”. Има некои гласови, кои не ги сакате, изјави Јункер.

Невообичаено остриот коментар, Јункер го даде во германскиот град Штутгарт, откако унгарската Влада започна кампања во чии рамки објави постер, со кој ги обвини првиот човек на Европската комисија и американски филантроп од унгарско потекло Џорџ Сорос дека сакаат Унгарија да ја преплават со мигранти.

– Против лагите не можете многу да направите, изјави Јункер, додавајќи дека кандидатот на ЕПП за нов претседател на Еврокомисијата, Манфред Вебер, треба да се запраша „дали ми треба гласот“ на Орбан.

Се погласни се повиците Фидес да биде исклучена од Европската народна партија, која ги обединува демохристијанските и партиите на десниот центар.

Според анкетите на јавното мислење, Фидес е убедливо најсилна партија во Унгарија, па се очекува на европските избори таа да освои најголем број од местата предвидени за унгарските претставници во Европарламентот. Нејзиното евентуално исклучување од ЕПП, ќе ја ослабе оваа група, која во моментов е најсилна во Европскиот парламент.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...