Мажуби потврди дека е извршен редок хакерски напад

Хакери го нападнаа централниот интернет именик Икан, со кој обезбедија потенцијален пристап до сите видови на податоци, изјави денеска францускиот државен секретар задолжен за дигитална технологија Мунир Мажуби, јави дописникот на МИА.



Икан е формиран во 1998 година и ги координира на меѓународно ниво уникатните идентификатори кои им овозможуваат на компјутерите низ светот да се идентификуваат едни со други, и токму оваа непрофитна организација самата го притисна копчето на алармот.

– Она што хакерите успеаја да направат е нешто многу ретко. Тие го хакираа именикот и секој пат кога ја пишувате адресата на веб-страница, наместо да одите на вистинската машина, вие се конектирате на друг компјутер. Имате впечаток дека сте на веб страница, а всушност сте на машината од каде ве напаѓаат. Тие можат да ги соберат вашите податоци, тие можат да ги користат за повторно поврзување, за да земат пари, објасни државниот секретар за дигитална технологија Мажуби.

Тој притоа наведе дека не е во можност да каже во овој момент кој стои зад овие напади или она што хакерите го направиле со постигнатите конекции.

– Ова е предупредување, треба да се запрашаме, дали ова беше за да се покаже сила, за конкретни цели во одреден регион во светот. Ќе биде неопходно да се постави прашањето за тоа кој имал интерес, кој имал средства да ја мобилизира техниката за да го стори тоа, истакна Мажуби.

Државниот секретар не кажа дали нападите врз Икан можат да бидат неутрализирани или спречени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...