Турски суд изрече 15 доживотни казни затвор за „обид за уривање на Владата“

Суд во Истанбул денеска им изрече казна доживотен затвор на 15 лица обвинети за „обид за уривање на Владата“, поради обвинувањата за корупција на блиски соработници на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во 2013 година.



Осудените, меѓу кои се и четворица полициски началници, беа обвинети дека објавиле фалсификувани снимки за наводна корупција на членови на Владата, со која тогаш раководеше Ердоган, што доведе до оставки на тројца министри.

Оваа афера беше еден од најголемите предизвици за Ердоган, кој тврдеше дека сите обвинувања се „измислици“ зад кои стои исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен со цел да го урне од власта.

Анкара го обвинува Ѓулен, кој живее во доброволен азил во САД, дека стои и зад обидот за преврат во Турција во 2016 година. Ѓулен, од своја страна, ги отфрла ваквите обвинувања.

Осудените во денешниот случај беа обвинети и за „членство во вооружена терористичка група“ и за „незаконско прислушување“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...