Ердоган: За Голанска Висорамнина треба да се разговара во ОН

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган синоќа изјави дека Анкара ќе предложи за Голанска Висорамнина да се разговара во Обединети нации.

Ердоган изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп за признавање на суверенитет на Израел на Голанска Висорамнина ја прокоментира како „подарок“ за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред изборите што се закажани на 9 април.

Ердоган во своето обраќање пред Организацијата за исламска соработка (ИОЦ) потенцира дека окупацијата на Голанска Висорамнина не смее да се легализира.

Израел ја освои Голанска Висорамнина од Сирија за време на шестдневната војна во 1967 година, а во 1981 година ја анектира областа. Во резолуцијата 497 на Советот на безбедност на Обединети нации, донесена по анексијата, Израел се означува како „окупаторска сила“, а обидите на Тел Авив „да ги наметне своите закони, јурисдикција и администрација на окупираната сириска Голанска Висорамнина е безначаен и без меѓународен правен ефект“.

Шестдневната војна позната и како Арапско-израелска војна се водеше помеѓу Израел од една страна и Египет, Јордан и Сирија од страна. На крајот од војната Израел под своја контрола ги стави Појасот Газа, Синајскиот Полуостров, Западен Брег и Голанска Висорамнина.

Силите на ОН го надгледуваат подрачјето долж линијата за прекин на огнот од 1974 година.





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...