|
|
Ердоган: Турција го купи рускиот С-400, но ги купува и американските авиони Ф-35Турскиот претседател и лидер на Партијата на правдата и развојот (АКП) Реџеп Тајип Ердоган изјави дека неговата земја веќе го купила рускиот одбранбен систем С-400, јави агенцијата Анадолија.
– Не велам дека Турција ќе го купи рускиот одбранбен систем С-400, туку дека веќе го купи. Тоа е веќе договорено, изјави Ердоган пред седница на АКП во Анкара.
Тој исто така истакна дека Турција купува и американски борбени авиони Ф-35.
– Турција не само што купува американски авиони Ф-35, туку и учествува во нивно производство, прецизира Ердоган, додавајќи дека со американскиот претседател Доналд Трамп наскоро ќе разговара во врска со купување на Ф-35.
Тој информира дека кон крајот на месецот во Јапонија ќе се сретне со Трамп и изрази надеж дека тогаш ќе разговараат „и за овие прашања“, пренесе Анадолија.
|
|
|
|
|
|
|
|
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
|
Виц на денот |
|
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не... |
|
|
|
Состојба на патиштата |
|
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но... |
|
|
|
Верски календар |
|
|
|
|
На денешен ден |
|
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
|
|
|
|