Продолжува гласањето за наследник на Тереза Меј

Лондон, 18 јуни 2019 (МИА) – Вториот круг од гласањето за избор на нов лидер на британската Конзервативна партија продолжува денеска во Парламентот.

Конзервативните пратеници ќе се изјаснат со тајно гласање, а резултатите се очекуваат попладнево.

Секој од шестмината останати кандидати мора да освои најмалку 33 гласа, во спротивно испаѓа од изборната трка.

Кандидатите кои ќе останат во игра, вечерва ќе учествуваат во дебата на Би Би Си.

Гласањата ќе продолжат во текот на неделава, се додека не останат двајцата најдобро пласирани кандидата. За нив ќе се изјаснуваат 160.000 членови на Конзервативата партија почнувајќи од 22 јуни, а се очекува победникот да биде прогласен околу еден месец подоцна.

Според анкетите, фаворит за наследник на Тереза Меј на функцијата лидер на конзервативците и британски премиер е поранешниот министер за надворешни работи Борис Џонсон. гт/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...