Европа под закана од топлотен бран

Голем бран жештина се шири во Западна Европа. Властите ги предупредија децата, пензионерите и луѓето со хронични болести да се подготват за неподносливи жештини, објави весникот Гардијан.



Температурите ќе достигнат или ќе надминат 40 степени во голем регион – од Шпанија до Швајцарија поради комбинација од неподвижен циклон над Атлантскиот Океан и висок атмосферски притисок во Централна Европа. Во комбинација со висока влажност, на некои места субјективното чувство за температурата ќе биде како 47 степени, предупредуваат метеоролозите.

Во Шпанија, тие прогнозираат 42 степена во сенка в четврток во најмалку четири провинции. Објавена е тревога за зголемен ризик од шумски пожари.

Во Франција општините подготват простории со клима уреди дури во текот на ноќта, за да можат луѓето да се спасат од жештини. Во понеделникот во Париз беше 34 степени, со предвидувања температурата да се искачи и да остане толку жешко во поголемиот дел од седмицата.

Емануел Демел од Метео-Франс тврди дека топлотниот бран е многу невообичаен, бидејќи доаѓа многу рано. Според податоците на синоптичарите, таква појава во Франција немало од 1947 година. Франција одложи испити во училишта за следната недела, а добротворни организации почнуваат да разнесуваат шишиња со минерална вода на бездомници.

Ситуацијата наликува на најголемата топлотен бран во Франција од август 2003 година, кога од високите температури починаа 15 000 лица, а болниците не успеаја да ги прифатат сите кои имаа потреба.

Во Италија, исто така, ќе бидат погодени од топлотниот бран. Синооптичари најавуваат „најинтензивен топол бран со децении”.

Максималните температури помеѓу 37 и 40 степени ги очекуваат Рим, Фиренца, Болоња, Милано и Торино. Неколку италијански градови очекуваат да регистрираат рекорди во јуни. Властите во Рим предупредија на закана за здравјето поради сметот по улиците бидејќи има проблеми со отстранувањето на отпадот. Осум туристи беа казнети со 450 евра заради капење во фонтаните на градот.

Германија, исто така, ќе биде погодена од топлотниот бран. Синооптичари најавуваат дека рекордот за јуни во Франкфурт од 38,2 степени, поставен во 1947 година, ќе се надмине. Најверојатно ова ќе биде во средината на неделата, со прогноза – 100 сончеви часови пред петок. Не е исклучено во Франкфурт да се регистрираат 40 степени, а прогнозата за Берлин е до 37 степени Целзиусови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...