Британскиот Парламент суспендиран на пет недели

Парламентот на Велика Британија е суспендиран рано утрово за пет недели, до 14 октомври – само две недели пред закажаниот датум за Брегзит, на 31 октомври.



Пратениците го отфрлија предлогот за одржување предвремени избори, за кои се залагаше премиерот Борис Џонсон. Одлуката за стопирање на работата на Парламентот беше критикувана од спикерот на Претставничкиот дом Џон Беркоу.

Тој вчера најави дека ќе замине од функцијата најдоцна до крајот на октомври, по десет години на тоа место.

Опозицијата го обвинува премиерот дека се обидува да ги спречи парламентарците да го разгледаат неговиот план за Брегзит. Првпат по повеќе од 70 години, британската Влада го суспендираше Парламентот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...