Џонсон: Британија смета дека Иран стои зад нападите против Саудиска Арабија

Лондон, 23 септември 2019 (МИА) – Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека Велика Британија заклучила дека Иран е одговорен за нападите на нафтените постројки во Саудиска Арабија и дека Лондон ќе размисли за учеството во американскиот проект за зајакнување на одбранбените капацитети на ултраконзервативното заливско кралство.

Џонсон, сепак, додаде дека и Велика Британија со сојузниците ќе работи на „деескалација“ на напнатоста на Блискиот исток, која е во пораст откако на 14 септември дронови и ракети го нападнаа нафтеното поле и најголемата светска рафинерија на нафта.

Велика Британија досега никого не обвини за тој напад. Ријад и Вашингтон тврдат дека е одговорен Иран.

Британскиот премиер на новинарите со кои патува во Њујорк на седницата на Генералното собрание на ОН синоќа им изјави дека сега „Велика Британија со голем степен на веројатност го смета Иран за одговорен“.

– Ќе работиме со нашите американски и европски пријатели на одговор што би се обидел да ја деескалира напнатоста во регионот на Заливот, рече Џонсон.

Тој додаде дека ќе разговара и со иранскиот претседател Хасан Рохани. паг/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...