Ердоган потврди дека американските трупи се повлекуваат од северниот дел на Сиријa

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган потврди дека американските трупи почнале да се повлекуваат од северниот дел од Сирија, само неколку часа откако повлекувањето го најави Белата куќа.



Турција со месеци се заканува дека ќе почне воена операција за протерување на курдските борци од пограничниот регион источно од реката Еуфрат.

Ердоган не даде детали за планираниот напад, но рече дека Турција е решена да го запре она што смета дека е безбедносна закана од страна на сириските Курди, инаку големи сојузници на САД во борбата против Исламска држава.

Тој додаде дека планира да патува во Вашингтон следниот месец за да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп.

Претходно, Белата куќа соопшти дека силите на САД во североисточна Сирија ќе се повлечат и ќе го расчистат теренот пред очекуваната турска офанзива. Локалните медиумите коментираат дека тоа значи оти тие ги оставаат курдските сили со кои заедно се бореа во кампањата против ИД.

Одлуката е донесена во момент кога Турција се подготвува за напади врз региони во североисточна Сирија кои се под контрола на Курдите. Според Сириските демократски сили, тоа ќе и наштети на борбата против ИД.

Белата куќа претходно соопшти дека американски војници нема да учествуваат во турската операција во северна Сирија и нема да бидат стационирани во близина на областа каде што ќе се спроведува операцијата.

Портпаролката на Белата куќа Стефани Гришам изјави дека американски војници нема да поддржуваат, ниту да учествуваат во операцијата и повеќе нема да се наоѓаат во областа каде што ќе се спроведува.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...