Медведев: Причините за оставката се реформите и временскиот фактор

Поранешниот руски премиер Дмитриј Медведев изјави дека поднел оставка поради потребата од спроведување на политички реформи во земјата и поради временскиот фактор.

Медведев за руската државна телевизија изјави дека првата и најважна работа што му ја кажал на претседателот Владимир Путин на состанокот на 15 јануари е дека пораката на Путин за промена на Уставот опфаќа многу амбициозни задачи за политичкиот систем, кои до одреден степен ја менуваат рамнотежата на моќта во земјата.

– Тоа се однесува на владата, парламентот, делумно претседателот, на правосудството. За да ги донесе сите тие одлуки, претседателот мора да биде апсолутно слободен да дискутира и да презема мерки дејства без оглед на кој било друг фактор, вклучувајќи ја и владата, рече Медведев.

Втората причина, според него, било времето, бидејќи тој бил премиер речиси осум години.

– Ова, на крајот на краиштата, беше многу долга и комплицирана работа поврзана со донесување одлуки за многу комплицирани прашања. Тоа, исто така, треба да се земе предвид, рече Медведев.

Медведев во иднина ќе биде заменик-шеф на Рускиот совет за безбедност, со кој претседава Путин.

Државната Дума на Русија ја потврди кандидатурата на поранешниот началник на Федералната даночна служба Михаил Мишустин за нов премиер на Русија. Тој ќе го наследи Дмитриј Медведев, кој поднесе оставка, откако Путин предложи измени во Уставот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...