Поради коронавирусот под прашање се доведува опстанокот на Европската унија

-Европската унија ќе се соочи со прашањето за нејзиниот опстанок доколку од кризата со коронавирусот не излеземе обединети, изјави француската државна секретарка за европски работи Амелија де Монтчалин.



-Мораме апсолутно сите заедно да се подготвиме за излез од кризата и за заздравување, да се подготвиме за периодот по кризата и мораме да покажеме дека сме ефикасни затоа што ќе бидеме заедно, изјави Амелија де Мончалин, пренесена од агенциите.

-Европската централна банка отвори програма од 750 милијарди евра за поддршка на земјите , што е без преседан. Ги укинавме правилата од Пактот за стабилност за дефицитот, што, исто така, е без преседан, прецизираше таа и потсети на планот од 40 милијарди евра на на ЕК.

Монтчалин кажа и дека сега се размислува што да се направи во периодот по кризата.

-Не можеме да се изземеме од таа солидарност. Ако некои мислат дека можат да се изземат, тоа ќе има големи последици по европскиот проект, додаде таа.

-Нашата Европа е Европа од акција, солидарност. Доколку некој тоа не го сака, се поставува прашањето за неговото место, за тоа што 27-те земји треба уште да направат, а тоа тогаш е фундаментално, егзистенцијално прашање, предупреди француската политичарка.

Лидерите на ЕУ во четвртокот се договорија, под притисок на Италија,која е во најтешка состојба со пандемијата на коронависуот , во следните 15 дена да разгледаат силни мерки за соочување со најавената рецесија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...