Русија ја регистрираше еднокомпонентната вакцина Спутник лајт

Еднокомпонентната вакцина против коронавирус „Спутник Лајт“ е регистрирана во Русија, а нејзината ефикасност е 79,4 проценти, што е поголема отколку кај многу вакцини со две дози, соопшти Рускиот фонд за директни инвестиции (РФПИ).



За регистрацијата на оваа вакцина соопштија и Министерството за здравство на Русија и Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“.

-Ефикасноста на вакцината е 79,4 проценти од 28-от ден по имунизацијата. Стапката на ефикасност од околу 80 проценти ги надминува стапките на ефикасност кај многу вакцини со две дози, се вели во соопштението.

Според лабораторискитео истражувања на центарот „Гамалеја“, вакцината „Спутник Лајт“ е ефикасна против сите нови видови на коронавирус.

-Не се регистрирани сериозни несакани ефекти по имунизацијата со вакцината „Спутник лајт“, се додава во соопштението.

Како што истакнуваат, „Спутник лајт“ не бара посебни услови за складирање и логистика, а цената е прифатлива – помалку од 10 долари.

Примената на единечна доза, пак, овозможува голем број луѓе да се вакцинираат за кратко време.

Шефот на РФПИ, Кирил Дмитриев изјави дека „Спутник В“ останува главно средство за вакцинација против коронавирусот во Русија, додека еднокомпонентната вакцина „Спутник лајт“ ќе се извезува во странство.

Рускиот фонд соопшти дека повеќе од 20 милиони луѓе ширум светот до 5 мај ја примиле првата доза на вакцината „Спутник В“.

-Случаи на церебрална синовенска тромбоза (ЦВСТ) не се пријавени, се вели во соопштението.

Нагласено е дека производството на вакцината ги исполнува најстрогите стандарди со темелна процедура со четири фази на прочистување на вакцината.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...