Столтенберг: Министрите треба да потврдат дека вратите на НАТО се отворени за нови членки

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Букурешт изјави дека очекува шефовите на дипломатиите на членките на Алијансата на денешната средба да потврдат дека вратите на воената алијанса се отворени за нови членки.



– Покажавме во претходните години дека нашите врати се отворени за нови членки, тоа го покажавме со влезот на Црна Гора и Северна Македонија, а сега и со Шведска и Финска, чие пристапување се очекува наскоро, изјави Столтенберг по пристигнувањето на дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на членките на НАТО.

Столтенберг потсети дека НАТО соопшти дека Украина ќе стане членка на алијансата, и очекува сојузниците да го потврдат тој став денеска и утре, но изјави дека сега „главниот фокус е на поддршката на Украина бидејќи се води војна“.

– Ние сме насред војна и не треба да правиме ништо што би можело да го поткопа единството на сојузниците. Треба да обезбедиме воена, хуманитарна и финансиска поддршка за Украина бидејќи мораме да го спречиме Путин да победи и да обезбедиме Украина да остане суверена, независна земја, рече тој.

Столтенберг рече дека сојузниците од средбата во Букурешт треба да испратат „јасна порака“ дека ќе ја зголемат поддршката за Украина, како во однос на обновата на уништената инфраструктура, така и во однос на ракетните системи за нејзина одбрана од руската инвазија.

По денешниот состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО, на министрите за надворешни работи на членките на алијансата, Финска и Шведска, на работната вечера ќе им се придружи и шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба.

Столтенберг денеска го предупреди Иран и другите земји дека не треба да и помагаат на Русија во војната против Украина.

– Путин покажа подготвеност да им нанесе страдање (на граѓаните на Украина) и ниво на бруталност што не е забележано од Втората светска војна. Ниту една земја не треба да ја поддржува илегалната војна на Русија и затоа Иран или која било друга земја не треба да ја снабдува Русија со проектили и беспилотни летала, со што и овозможува да ја продолжи војната против Украина, рече генералниот секретар на НАТО.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...