Писмо-бомба експлодира во украинската Амбасада во Мадрид

Во експлозија на писмо-бомба во украинската Амбасада во Мадрид е повреден еден вработен што го отворил писмото, соопшти денеска шпанската полиција.



Припадник на персоналот на амбасадата се здобил со полесни повреди и е пренесен во болница, се наведува во полициското соопштение.

Според извори на кои се повикува агенцијата Ефе, пликот бил адресиран до амбасадорот и не поминал низ скенерот, туку го отворил чувар во градината на амбасадата.

Инцидентот го истражуваат форензичари и разузнавачките служби, се посочува во соопштението.

Просторот околу амбасадата е ограден. Полицијата го активираше антитерористичкиот протокол и го опколи просторот каде што се наоѓа дипломатското претставништво.

На местото на настанот, покрај другите полициски единици, излегле и војници од единицата Тедек, специјализирана за деактивирање на експлозиви.

Од амбасадата засега не сакаат да го потврдат настанот, ниту да дадат изјави.

Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба побара од сите амбасади на неговата земја да преземат екстремни мерки за безбедност по експлозијата во Мадрид.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...