Песков: Ова што го прави Западот го гледаме како директно мешање во конфликтот

Кремљ денеска ја осуди „директната вмешаност“ на Западот во конфликтот во Украина, по најавата за испорака на десетици европски и американски тенкови за Киев.



-Од европските престолнини и од Вашингтон постојано пристигнуваат декларации дека испраќањето на различни системи за оружје, вклучително и тенкови, во Украина во никој случај не значи вмешаност на тие земји или НАТО во непријателствата што се случуваат во Украина. Категорично не се согласуваме, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

-Во Москва тоа го гледаме како директна вмешаност во конфликтот и гледаме дека таа се зголемува, додаде Песков.

Германската влада вчера ја потврди испораката на тенкови „Леопард“ во Украина и одлуката да им дозволи на земјите партнери и тие да испратат тенкови во Киев.

Украина оваа година би можела да добие до 100 најсовремени тенкови од германско производство, што е една третина од бројот што го побара.

Американскиот претседател Џо Бајден, пак, на прес-конфренција, најави дека САД ќе испратат 31 тенк „Абрамс“ во Украина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...