Во Кичево има донесено решенија за рушење на дивоградби, но нема извршители

Кичево, 2 март (МИА) - Градежните инспектори во општина Кичево во текот на минатата година донесoa 84 решенија за рушење на дивоградби и 39 решенија за прекинување на понатамошна изградба на објектите, но нема извршна служба која би ги реализирала овие решенија.

Раководителот на општинскиот инспекторијат Зоран Никодиноски вели дека неговите инспектори си ја вршат работата, меѓутоа проблем е тоа што општината до скоро немала склучено договор со фирма која би учествувала во рушењето на објектите што се дивоградби.

- Потребна е механизација, средства, вработени лица, а ние сето тоа го немаме. Советот и општината треба да ни го овозможат тоа за да може да работиме, вели Никодиноски.

Градежните инспектори при инспекцискиот надзор наредувале прекинување на изградбата, отстранување на градбата и други работи кои имале за цел да се спречи појавувањето на дивоградби. Тие имаат 87 решенија испратени на извршување, а само осум од објектите почнати како дивоградби добиле законска легализација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...