
|
 |
Вести / Европа
|
|
Полицијата трага по тела во домот на австрискиот монструм
Виена, 14 мај (МИА) - Нови детали во случајот на австрискиот монструм Јозеф Фрицл се отркиваат секојдневно.
Полицијата соопшти дека Фррицл во подземниот затвор во кој 24 години ја држеше ќерката во заточеништво, копал шест години, без да предизвика нечиј сомнеж.
Во тие шест години под куќата ископал дури 231 тони земја. Станува збор за количина за чиј превоз се потребни 17 камиони. Полицијата наведува дека количината на ископана земја е речиси седум пати поголема од онаа која може да се ископа доколку градел одобрено подземно засолниште, со површина од 20 метри квадратни.
Полицијата е уверена дека во куќата на Фрицл постојат уште скриени простории, а монструмот се поврзува со многубројни неразрешени убиства, кои се случија во последните 40 години. Истрагата во тие случаи повторно е отворена.
Специјални полициски тимови, со натпис на мајците „професионални трагачи по човечки тела“, заедно со кучиња трагачи, го пребаруваат домот на Фрицл.
- Ако овде доле има некакви човечки статоци, кучињата ќе ги откријат. Потрагата продолжува, изјави еден од специјалците.
Во исто време, монструмот Фрицл е подложен на психијатриски испитувања. Водечкиот австриски психијатар, 46-годишниот доктор Аделхеид Кастнер проценува дека Фрицл е способен да го следи судењето.
- Се обидувам да ја откријам секоја скриена нишка од неговиот ум. Во текот на опсежните разговори со него морам да ја запознаам неговата личност. Судот за тоа ми даде одреден рок, но доколку ми треба повеќе време, судот ќе мора да почека, изјави Кастнер.
Според психијатарот Кристиан Лудке 73-годишниот Фрицл е „човек кој сакал да си игра Господ со туѓите животи“.
- Уживал да биде господар на животот и смртта. Тој е персонификација на застрашувачката моќ на злото - ѓаволот, изјави Лудке.
Тој појасни дека Фрицл во детството бил емоционално злоставуван од неговата мајка и дека „поради тоа станал злоставувач“.
- Имал болен ум. Не можеше да и се одмазди на сопствената мајка па трпеа неговите деца, истакна Лудке.
Четириесет и две годишната Елизабет Фрицл за која се сметаше дека изчезнала, по 24-годишно заточеништво беше ослободена од полицијата на 27 април. Монструозниот татко во текот на долгогодишното заточеништво сексуално и физички ја злоставувал. Таа му родила седум деца, од кои три биле со неа во заточеништво во подрумот.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|