
|
 |
Вести / Европа
|
|
Гордон Браун лобира за итна средба во ОН за настраданите во Мјанмар
Лондон, 14 мај (МИА) - Британскиот премиер Гордон Браун денеска побара од генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун да организира итна средба за настраданите од циклонот Наргис во Мјанмар.
Браун наведе дека претходните обиди за свикување на седница на Советот за безбедност при ОН завршиле со неуспех, но тој не наведе за кои држави станува збор.
Тој нагласи дека има извесен напредок во реализацијата на идејата за организирање на самит и изрази надеж дека со тоа ќе се изврши дополнителен притисок врз властите во Мјанмар.
- Подобрена е соработката меѓу воена хунта со меѓународните хуманитарни организации, но тоа се уште не е доволно, истакна британскиот премиер.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|