понеделник, 01.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Европа

Поранешен командант на ЕТА осуден на 15 години затвор

Париз, 15 мај (МИА) - Судот во Париз го осуди синоќа поранешниот воен командант на ЕТА Хуан Ибон Фернандез Иради наречен Суспер на 15 години затвор, само три месеци откако во Франција му е изречена и казна од 30 години затвор. 

Казни од пет до 12 години затвор изречени се вчера и на уште четворица други членови на таа баскиска сепаратистичка организација, исто така обвинети за тероризам.

Триесет и шестгодишниот Суспер во февруари доби 30 години затвор затоа што во 2001 година пукал врз полицајци на југозападот на Франција. Тој е уапсен во Франција во декември 2002 година, но успеал да побегне од полициската станица, по што повторно е уапсен во декември 2003 година.

Истражниот судија појасни дека атентатите се начин на кој оперира ЕТА, на која и се припишуваат 822 убиства во 40-годишната борба против шпанската држава, а дека Суспер бил во центарот на терористичката мрежа.

Обвинителството бараше казна од 20 години за главниот обвинет и пет до 15 години за неговите соучесници.

ЕТА се бори за независност на северната шпанска покраина Баскија и јужните делови на Франција. Европската унија и САД ја сметаат ЕТА за терористичка организација.


Наjновo од Вести
Српскиот режисер Желимир Жилник ќе гостува во Кинотека на Македонија
Српскиот режисер Желимир Жилник ќе гостува во Кинотека на Македонија
Тирана најавува нова национална стратегија против СИДА-та
Тирана најавува нова национална стратегија против СИДА-та
Седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите
ЕК претстави план за борба против измами со ДДВ
Романот „Трчај дома“ од Лори Лансенс, најново издание на клубот „Матица“
ЕК повика на засилување на политиката на превенција од инфицирање со ХИВ/СИДА меѓу младите лица
Саркози, Туск и Тадиќ меѓу кандидатите за „европски политичар на годината“
Затвор за мајка во Германија поради убиство на две бебиња
Флоранс Хартман пред Хашки трибунал на 5 февруари идната година
Поплава во Венеција
Eксплозија во фабрика за пластика и хемикалии во англиската област Беркшир
На повидок втор референдум за Лисабонскиот договор во Ирска
Берлускони во нов судир на интереси
Државата ќе им дава хероин на зависниците во Данска
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Астрономија
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи