вторник, 02.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Европа

Ангела Меркел во Бразил ќе склучи договори за финансиска и енергетска соработка

Бразилија, 14 мај (МИА) - Германската канцеларка Ангела Меркел денеска пристигна во официјална посета на Бразил, каде со својот домаќин, претседателот на Бразил Луис Инасиу Лула да Силва ќе ги разгледа двостраните односи и ќе потпише договори за финансиска и енергетска соработка, пренесе Франс прес.  

На средбата Меркел и Да Силва ќе разговараат за бразилската програма за биогорива, преговорите од самитот во Доха за либерализација на светската трговија, реформата во Советот зз безбедност на ОН, како и климатските промени, посочува бразилското министерствто за надворешни работи.  

По средбата ќе бидат потпишани договорите за соработка во обновливите енергетски извори и биогоривата. 

Канцеларката Меркел ќе отпатува и во Сао Паоло, за да се сретне со бразислките претприемачи и да ја посети фабриката за автомобили на концернот „Фолксваген“.

По Бразил Меркел ќе отпатува во Лима, каде ќе учествува на самитот ЕУ-Латинска Америка. 

Германија е главниот европски трговски партнер на Бразил, а Бразил е основниот јужноамерикански увозник на германски стоки. Во 2007 година трговскиот обем меѓу двете земји достигна рекордни 16 милијарди долари, забележаа агенциите.


Наjновo од Вести
Српскиот режисер Желимир Жилник ќе гостува во Кинотека на Македонија
Српскиот режисер Желимир Жилник ќе гостува во Кинотека на Македонија
Тирана најавува нова национална стратегија против СИДА-та
Тирана најавува нова национална стратегија против СИДА-та
Седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите
ЕК претстави план за борба против измами со ДДВ
Романот „Трчај дома“ од Лори Лансенс, најново издание на клубот „Матица“
ЕК повика на засилување на политиката на превенција од инфицирање со ХИВ/СИДА меѓу младите лица
Саркози, Туск и Тадиќ меѓу кандидатите за „европски политичар на годината“
Затвор за мајка во Германија поради убиство на две бебиња
Флоранс Хартман пред Хашки трибунал на 5 февруари идната година
Поплава во Венеција
Eксплозија во фабрика за пластика и хемикалии во англиската област Беркшир
На повидок втор референдум за Лисабонскиот договор во Ирска
Берлускони во нов судир на интереси
Државата ќе им дава хероин на зависниците во Данска
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Астрономија
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи