
|
 |
Вести / Европа
|
|
Премиерката Јулија Тимошенко се заканува со прекин на сојузот со украинскиот претседател Виктор Јушченко
Киев, 14 мај (МИА) - Политичката криза во Украина денеска дополнително се изостри, откако премиерот Јулија Тимошенко се закани да го прекине сојузот со претседателот Виктор Јушченко обвинувајќи го дека и го поткопува управувањето со земјата, пренесуваат агенциите.
Поранешните сојузници од „Портокаловата револуција“ од 2004 година се наоѓаат во конфликт од декември минатата година, кога Тимошенко по втор пат стана премиер на Украина.
Проблемите од вчера им навлегоа во нова етапа, кога поддржувачите на Тимошенко не му дозволија на претседателот Јушченко да го оддржи редовниот годишен говор пред парламентот. Тоа беше втор неуспешен обид на Јушченко да проговори пред пратенциите.
Економијата се претвори во бојно поле меѓу двајцата политичари, наведуваат агенциите.
-Ако состојбата во земјата не се подобри, премиерот не може да биде партнер или сојузник на претседателот, се наведува во соопштението на Тимошенко. „ Да ја уништиш сопствената земја, во пракса уништувачки се што создадовме во економијата- тоа не е начин да се бориш на следните претседателски ибзори“, додаде таа.
Во телевизиското обраќање до нацијата Јушченко ја повика владата да не влегува во прегратките на популизмот, а „место тоа да разработи прецизни антиинфлациони мерки“.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|