недела, 21.03.2010

  IDIVIDI Мени
Именик
download
Вести / Европа

Во Норвешка расте отпорот против ЕУ

Осло, 15 мај (МИА) - Бројот на Норвежаните кои го поддржуваат стапувањето на својата земја во ЕУ постојано опаѓа, а според најновото испитување на јавното мислење околу 60 проценти од граѓаните на Норвешка се изјасниле против зачленувањето на нивната земја во ЕУ, јави норвшката новинска агенција НТБ.

Резултатите покажуваат и досега рекордно висок отпор меѓу Норвежаните, при што се посочува дека мнозинството противници на ЕУ не би било загрозено при референдумско изјаснување дури доколку и сите несигурни избирачи би се решиле да гласаат за ЕУ. Приврзаниците на ЕУ во Норвешка сега се надеваат на Исланд, каде што јавното мислење околу ЕУ почнува да се менува во позитивна насока. Доколку Исланд се зачлени во ЕУ тогаш тоа би можело да ги принуди Норвежаните да ги преиспитаат своите ставови околу европските интеграциски процеси.

- Скепсата на Норвежаните е последица на истата несигурност кон ЕУ-проектот која се насетува во повеќе европски земји, изјави за НТБ Хеминг Олаусен, претседател на организацијата ”Не за ЕУ”.

Енормните приходи од експлоатацијата на нафта им овозможуваат на Норвежаните слобода во определувањето. Според Олаусон, не треба да се очекува дека Норвешка во догледна иднина ќе побара зачленување во ЕУ.

Како што јави дописникот на МИА од Гетеборг, надежите сега се насочуваат кон Исланѓаните. Норевешкиот дневен весник „Афтен-постен“ пишува дека доколку Исланд се определи за ЕУ тогаш би се разводнил ЕЕС-договорот, чии носители се Норвешка и Исланд. Во тој контекст, во коментарот на ”Афтен-постен” се констатира дека исландска молба за членство во ЕУ, како и новата ЕУ-структура која произлегува од Лисабонскиот договор, би можеле да изнудат дебата околу ЕУ во Норвешка.


Наjновo од Вести
Потврдена средбата Груевски – Папандреу во Брисел
Самит за европската иднина на Западен Балкан во Брдо кај Крањ
Управната служба на СВР Скопје денеска ќе издава готови лични документи
Рама: Барањата на Социјалистите се во согласност со Уставот
Северниот дел на Кина зафатен од песочна бура
Во Куманово состанок на Локалниот совет за превенција
Израелските воени авиони кои прелетале над Будимпешта извршувале лет за обука
Европски организации со соопштение по повод Меѓународниот ден на укинување на расната дискриминација
Остра реакција за тврдењата за холандските „геј-војници“
Чешкиот претседател ја прифати оставката на министерот за животна средина
Ирски бискуп тврди дека има уште неоткриени случаи на сексуално насилство од свештеници
Холандскиот министер за надворешни работи збунет од изјавата на американскиот генерал во врска со Сребреница
Французинката која си ги уби шесте деца осудена на 15 години затвор
Француските пратеници бараат враќање на борделите
Израелски воени авиони пресретнати над Унгарија во непозната мисија
Клинтон: Близу сме до договор со Русија за СТАРТ-2
Optic
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Апел за помош
Deutsche Welle
Почетен курс по астрономија
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи