
|
 |
Вести / Европа
Путин одобри изградба на втора линија на Балтичкиот нафтовод
Москва, 15 мај (МИА) - Рускиот премиер Владимир Путин одобри изградба на втора линија на Балтичкиот нафтоводен систем (БТС-2) со крајна точка во Уст Луг и огранок до рафинеријата во Киришк.
Изградбата на БТС-2 е дел од развојот на руската извозна инфраструктура и своевидна заштита на руските интереси, објави весникот Ведомости.
Идејата за проектот се појави во почетокот на 2007 година кога белоруската Влада воведе царина од 45 долари за тон транзит руска нафта.
За да се намали зависноста од таа маршрута, руската Влада се одлучи на изградба на втора линија на Балтичкиот нафтовод долга околу 1.300 километри, со планиран капацитет од 50 милиони тони нафта и вредност од две милијарди долари.
Путин потсети дека тој систем е пуштен во работа лани и со неа за една година се транспортирани околу 74 милиони тони нафта со што се зголемени извозните капацитети и задоволени растечките потреби на странските партнери.
Руската компанија Трансњефт која управува со руската мрежа на нафтоводи предвидува зголемување на експлоатацијата на нафта за 67,5 милиони тони до 2015 година. БТС-2 би можел да се полни со нафта од наоѓалиштето Ванкор и преусмерување на 30 милиони тони од нафтоводот Одеса-Броди.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|