
|
 |
Вести / Европа
Ал Каеда се заканува дека ќе изврши напади за време на Евро 2008 во Австрија и Швајцарија
Женева, 15 мај (МИА) - Терористичката мрежа Ал Каеда се заканува дека ќе изврши напади за време на европското фудбалско првенство во јуни во Австрија и Швајцарија, изјави висок претставник на швајцарската полиција во интервју за весникот „Либерте“.
- Евро 2008 е една од целите што ги споменува терористичката мрежа. Ситуацијата ја следиме мошне внимателно, изјави Јорг Булер од Одделот за анализа и превенција на швајцарската федерална полиција.
Булер нагласи оти до овој заклучок е дојдено откако биле прегледани заканите што се упатени на исламистичките Интернет сајтови во изминатите недели.
- Подготвени сме за секаков развој на ситуацијата, рече тој.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|