
|
 |
Вести / Европа
|
|
Од следната година на „Рено“ ќе прозведува „Сандеро“ во Русија
Москва, 15 мај (МИА) - Кон крајот на идната година француската автоиндустрија „Рено“ во својот погон во Москва, „Автофрамос“, ќе почне со производство на моделот „Сандеро“.
Според плановите, со проширување на капацитетите, „Автофрамос“ би требало годишно да произведува околу 160.000 возила од типот „Сандеро“.
Сега „Автофрамос“ годишно произведува по околу 80.000 возила од моделот „Логан“. Од почетокот на производстовот на овој модел во московската фабрика кон средината на 2005 година, па досега, во Русија се продадени околу 150.000 „Логани“.
Согласно планот на „Рено“, производството на „Логан“ во „Автофрамос“ ќе продолжи и по стартот на производните линии на „Сандеро“.
„Сандеро“ е модел на групацијата „Рено-Нисан“. Овој модел е со пет врати и ги има основните карактеристики на дизајнот на „Логан“ - пространа внатрешност, голем багажник и високо ниво на сигурност. Предвидено е производство на безниска и дизел верзија.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|