петок, 25.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Вести / Европа

Зголемен стопански раст и намалена инфлација во евро зоната

Брисел, 15 мај (МИА) - Стопанскиот раст во земјите на зоната на еврото во првиот квартал од годинава е зголемен за 0,7 отсто во споредба со последното тримесечје во 2007 година, додека инфлацијата во април на годишно ниво е намалена на 3,3 отсто, соопшти денеска статистичката агенција на ЕУ, Евростат.

Стапката на стопански раст од 0,7 отсто е за 0,2 процентни поени повисока од предвидувањата на економистите. Ваквиот раст на ниво на евро зоната пред се се должи на заселениот стопански раст во Германија, која е водечка еконосмка сила во Унијата.

Во првите три месеци од годината економскиот раст во Германија изнесувал 1,5 отсто, што претставува значитечно повисока стапка од очекувањето на експертите.

Според амалитичарите, ваквата стапка на раст ќе и овозможи на Европската центрачна банка (ЕЦБ) и натаму да го одржува нивото на основната каматна стапка на високи четири отсто, со цел да го спречи инфлаторниот притисок.

Ваквата мерка на ЕЦБ веќе ги покажува првите реултати, па така минатиот месец стапката на инфлација во евро зоната на годишно ниво се намали на 3,3 проценти од мартовските 3,6 отсто.

На ниво пак на цела ЕУ априлската стапка на инфалција изнесувала 3,6 отсто, што исто така е пониска споредбено со март.

Најниска стапка на инфлација во април има Холандија од 1,7 отсто, а по неа следуваат Португалија со 2,5 и Германија со 2,6 проценти на годишно ниво.

Од друга страна, нависока инфалција на годишно ниво има Летонија со 17,4 отсто, пред Бугарија со 13,4 и Литванија со 11,9 проценти.

Според Евростат, во текот на април во зоната на еврото е регистриран раст на цените на прехранбемите производи за шест отсто, сметано на годишно ниво, додека недвижностите и транспортните услуги поскапеле за 4,8 проценти.

Најголемо влијание на стапката на инфлација имало зголемувањето на цените на нафтата и на другите енергенси, но и на млечните производи, лебот и житариците, наведува Евростат.

Европската комисија побара од земјите-членки на Унијата да го запрат натамошниот раст на инфлацијата со спрелување на зголемувањето на платите кое не е разултат на подобрена продуктивност.

На средбата на министрите за финансии на ЕУ на почетокот на неделава беше заклучено дека инфлацијата е „главен проблем“ за економската стабилност на Унијата и беа разгледани повеќе мерки за спречување на натамошен раст на цените.


Наjновo од Вести
За преадаптација на штипската филтер станицата потребни се 380 илјади евра
Собранието утре ќе избира нова влада
Презентирани референтните цени на лековите што ќе стартуваат на 1 август
„Жито Караорман“ откупи 6.000 тони пченица
Во Романија ќе се покрене кривична постапка против двајца поранешни министри
Хидроцентралата „Матка“ виновна за поморот на риба во Вардар кај Велес
ЕК деблокира 66 милиони евра од предпристапните фондови за Хрватска
Ирачкиот премиер Нури ал Малики примен од папата Бенедикт 16-ти
Говорот на Обама во Берлин предизвика воодушевување меѓу Германците
„Дејли Телеграф“: Роман Абрамович се враќа во руската политика како локален советник во Чукотската Област
Британската Влада демантира дека планира промена на нуклеарните боеви глави
Лидерот на британските конзервативци бара предвремени избори
Чеченци нападнале азилантско прифатилиште во Норвешка
Претседателите на Чешка и Полска потврдија дека не ги промениле позициите за Лисабонскиот договор
ЕУ се подготвува да собира податоци за патниците во авионите по примерот на САД
Русија ќе се спротивстави на американскиот противракетен штит со воени средства, тврди руски воен експерт
Tрет пораз на британските лабуристи на вонредните избори за пратеник во Вестминстер
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи