
|
 |
Вести / Европа
Илјадници Шпанци демонстрираа против ЕТА
Мадрид, 15 мај (МИА) - Повеќе илјади лица ширум Шпанија денеска учествуваа во мирните протести поради убиството на офицерот на шпанската цивилна гарда Хуан Мануел Пињуел, за што е осомничена баскиската сепаратистичка организација ЕТА.
Пињуел загина, а четворица негови колеги вчера утро беа ранети од експлозија на автомобил бомба пред касарната во местото Легутјано, во Баскија, пренесоа агенциите.
Заменик премиерот Марија Тереза Фернандез де ла Вега, министерот за внатрешни работи Алфредо Перес Рубалкаба и министерот за одбрана Карма Чакон присуствуваа на протестот во главниот град на Баскија Виторија, откако претходно присуствуваа на погребот на Пињуел, на кој присуствуваше и шпанскиот принц Фелипе.
Пињуел е шеста жртва на сепаратистичката ЕТА, откако во декември 2006 година пропаднаа мировните преговори на оваа група со владата на премиерот Хосе Луис Родригес Сапатеро.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|