Вести / Европа
ОН ја поддржуваат Грузија во поглед на правата на бегалци
Њујорк, 16 мај (МИА) - Генералното собрание на ОН усвои резолуција со која се поддржуваат правата на грузиските бегалци и раселените лица да се вратат во Абхазија, која се отцепи од централната Влада во Тбилиси.
Генералното собрание на ОН, највисоко тело на светската организација изгласа резолуција која го признава „правото на враќање во Абхазија и во Грузија на сите бегалци и внатрешно раселени лица, без оглед на националноста“.
Со резолуцијата ОН се повикани да ги земат предвид „долготрајните судири во регионот ГУАМ и нивното влијание на меѓународниот мир и развој“.
ГУАМ го сочинуваат поранешните советски републики Грузија, Украина, Азербејџан и Моладавија.
Освен САД за резолуцијата гласаа Романија, Украина, Полска, Словачка, Унгарија, Летонија, Литванија, Албанија, Грузија и Молдавија. Меѓу членките кои гласаа против се Русија, Венецуела, Сирија, Судан, Мјанмар, Белорусија, Северна Кореја, Индија и Иран.
|
|