
|
 |
Вести / Европа
Во Италија акција за апсење на илегалните имигранти
Рим, 15 мај (МИА) - Италијанската полиција уапси стотици илегални имигранти. Акцијата е спроведена во согласност со одлуката на премиерот Силвио Берлускони за поголема контрола.
Полицијата уапси 383 луѓе од кои 268 се странци, а 53 биле веднаш биле испратени до граница и депортирани од Италија. Акцијата траела една недела при што биле опфатени реонот на Северна Италија до Неапол.
За време на предизборната кампања Берлускони вери построги мерки за илегалните имигранти.
Министерот за внатрешни работи Роберто Марони подготвува сополнителен закон со кој би се вратила пасошката контрола на италијанската граница со земјите-членки на ЕУ и покрај тоа што Италија е во шенген зоната. Тој, исто така, сака илегалната имиграција да ја прогласи за криминално дело за кое ќе следи казна затвор.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|