
|
 |
Вести / Европа
Поради бомба од Втората светска војна евакуирани околу 4.000 жители на Будимпешта
Будимпешта, 15 мај (МИА) - Околу 4.000 лица беа евакуирани денеска во една станбена населба во центарот на Будимпешта, откако во една зграда е пронајдена неексплодирана бомба од Втората светска војна.
Според локалната полиција, биле евакуирани присутните во станбените згради и деловните одбјекти во радиус од два километри околу местото на кое е најдена еднотонската бомба.
Ова е втора бомба заостаната од Втората светска војна што е откриена во Будимпешта за два дена. Вчера беше пронајдена неексплодирана американска бомба тешка 500 килограми.
Претставникот на одделот за деминирање на полицијата, Габор Хајду соопшти дека двете бомби се однесени на сигурно место и ќе бидат уништени.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|