
|
 |
Вести / Европа
Во Брисел средба на претседателите на парламентите на Молдавија и на Придњестровје
Брисел, 15 мај (МИА) - Претседателот на молдавскиот Парламент Мариан Лупу денеска во Брисел се сретна со претседателот на Високиот совет (парламент) на самопрогласената Придњестровска Република Евгениј Шевчук.
Лупу и Шевчук првпат во седум години се сретнаа. Нивната средба беше за врема на тркалезната маса за трговијата со луѓе во Молдавија, организирана од Европската унија.
- Претставници на Парламентот од Кишинев и од Тираспол не се имаат сретнато седум години. Се надевам дека соработката со Шевчук ќе придонесе за решавање на „замрзнатиот конфликт“, изјави специјалниот претставник на Молдавија во ЕУ, Калман Мижеј.
Лупу наведе дека целта на денешната средба е да се воспостават контакти важни за напредокот на преговорите за статусот на Преидњестовје.
Во април, молдавскиот претседател Владимир Воронин и лидерот на Придњестровје Игор Смирнов ги обновија преговорите кои беа замрзнати во 2006 година.
Придњестровје објави независност од Молдавија во 1990 година, што беше повод за војна, која заврши со стотици жрвти. Во Придњестровје поголемиот дел од населението се Руси. Но, и покрај економската и политичката поддршка од Москва, и распоредената руска армија, републиката не е признаена од меѓународната заедница.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|