петок, 03.09.2010

  IDIVIDI Мени
Вести / Европа

Лавров: Грузија се обидува да ги интернационализира конфликтите во Јужна Осетија и Абхазија

Москва, 16 мај (МИА) - Обидот на Грузија да ги интернационализира конфликтите во Јужна Осетија и Абхазија претставува само пропаганда, бидејќи Тбилиси не е заинтересиран за нивно решавање, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Екатеринбург, по средбата со шефовите на дипломатиите на Бразил, Кина и Индија.

Во меѓувреме руското Министерство за надворешни работи лифреуваше соопштение во кое резолуција на Генералното собрание на ОН за положбата на интерно раселените лица и за бегалците од Абхазија се оценува како „контрапродуктивна и политички мотивирана“.

Во соопштението се наведува дека резолуцијата дополнително ќе го усложни решавањето на грузиско-абхазискиот конфликт, при што се нагласува дека за неа гласаа 14 делегации, а 11 беа против (меѓу кои и Русија), додека 105 беа воздржани, што според Москва, покажува дека меѓународната заедница не ги поддржала „маневрите на Грузија за тоа прашање“.

Според Лавров, резолуцијата е обид на Грузија да го интернационализира јужноосетискиот и абхазискиот конфликт и тоа јасно говори дека Тбилиси не е заинтересиран за реално решение, што би се базирало на рамнотежа на интересите и на почитување на малите народи на Абхазија и Јужна Осетија.  

Шефот на руската дипломатија нагласи дека Грузија формира паралелни институции во Јужна Осетија и Абхазија и додаде дека Тбилиси не може да воспостави дијалог со властите во овие две непризнати републики.



Фото експрес
Наjновo од Вести
Најмалку едно лице загина во самоубиствен напад во Таџакистан
Премиера на „Црвената магија“ во Струмичкиот театар
„Гардијан“: Притисок на ЕУ врз Белград да почне разговори со косовските власти
Најмалку пет луѓе загинаа во новите шумски пожари што ја зафатија Јужна Русија
Во Делчево почнува манифестацијата „Пијанечко - малешевска свадба“
При напад на ФАРК загинаа 14 полицајци
Јапонија наложи дополнителни санкции против Иран
Нови пожари во Русија
Британскиот министер Хејг го поздрави обновувањето на израелско-палестинските преговори
АФП сака да биде достапна и за пошироката публика
Функцијата на Кадиров преименувана во - раководител на република
Владата на Шкотска предлага минимална цена за алкохолните пијалоци за да го намали пијанчењето
Шокантно тврдење на педофил за малечката Меделин
Европската комисија бара објаснувања од Париз за положбата на Ромите
Холанѓанка осомничена за убиство на нејзините три бебиња
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи