петок, 03.09.2010

  IDIVIDI Мени
Вести / Европа

Шпанската и француската полиција трагаат по фабрика за автомобили-бомби на ЕТА

Мадрид, 16 мај (МИА) - Шпанската и француската полиција трагаат по фабрика за автомобили-бомби на баскиската сепаратистичка организација ЕТА, во јужна Франција, два дена откако во експлозија на автомобил-бомба во Баскија е убиен еден полицаец, јавија денеска шпанските медиуми.

Во експлозијата пред касарната на цивилната гарда убиен е полицаецот Хуан Мануел Пинјуел, а уште четири други се ранети. Комбето со кое е извршен нападот е украдено минатиот месец во францускиот град Лимож.

Шпанската полиција се сомнева дека ЕТА во Франција повторно гради инфрастуктура за производство на експлозиви, откако во септември минатата година една работилница за производство на бомби беше уништена, а нивиот експерт уапсен.

Според шпанскиот весник „Вангардија“, кој се повикува на полициски извори, активистите на баскиската сепаратистичка организација, стационирани во Франција, конструирале автомобил-бомба, во кој биле сместени повеќе од сто килограми експлозив и го префрлиле возилото преку шпанската граница.

За време на четиридецениските напади на припадниците на ЕТА, кои се залагаат за создавање на баскиска држава на северот на Шпанија, убиени се околу 830 лица.



Фото експрес
Наjновo од Вести
Најмалку едно лице загина во самоубиствен напад во Таџакистан
Премиера на „Црвената магија“ во Струмичкиот театар
„Гардијан“: Притисок на ЕУ врз Белград да почне разговори со косовските власти
Најмалку пет луѓе загинаа во новите шумски пожари што ја зафатија Јужна Русија
Во Делчево почнува манифестацијата „Пијанечко - малешевска свадба“
При напад на ФАРК загинаа 14 полицајци
Јапонија наложи дополнителни санкции против Иран
Нови пожари во Русија
Британскиот министер Хејг го поздрави обновувањето на израелско-палестинските преговори
АФП сака да биде достапна и за пошироката публика
Функцијата на Кадиров преименувана во - раководител на република
Владата на Шкотска предлага минимална цена за алкохолните пијалоци за да го намали пијанчењето
Шокантно тврдење на педофил за малечката Меделин
Европската комисија бара објаснувања од Париз за положбата на Ромите
Холанѓанка осомничена за убиство на нејзините три бебиња
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи