недела, 05.07.2009

  IDIVIDI Мени
download
Вести / Европа

Чешкиот шеф на дипломатијата најми детективи да ги испитаат сметките на вицепремиерот во оставка

Прага, 16 мај (МИА) - Чешкиот министер за надворешни работи Карел Шварценберг изнајми американска финансиска детективска агенција за да ги провери сметките на вицепремиерот Јиржи Чунек, кој поради соменение за корупција поднесе оставка на функцијата, соопшти денеска Министерството за надворешни работи, цитирано од Франс прес. 

Агенцијата „Крол“ е најмена во согласност со официјалниот договор меѓу Шварценберг и Чунек. Проверката е претходен услов за останување на вицепремиерската позиција, од која Чунек е остранет пред пет месеци зарадио сомневања за корупција.  

Портпаролката на чешката дипломатија Зузана Оплеталова прецизира дека америакнската детективска агенција веќе ги почнала проверките, кои можат да потраат шест недели. 

Кога се појавија сомневањата за корупција против Чунек, тој веднаш поднесе оставка, а Шварценберг се закани дека ќе ја нашпушти владата доколку вицепремиерот биде вратен на функцијата. Шефот на дипломатијата сепак се согласи, како последно попуштање, да се согласи со останување на функцијата доколку се дозволи независна ревизија на сметките на поранешниот колега. 

Иако судската истрага покажа дека на сметките Чунек има неколку милиони круни, чие потекло не може да се утврди, таа беше прекината поради недостиг од докази. Скандалот, што предизвика сериозен медиумски интерес, минатата недела доби на интензитет откако обвинтелот, работејќи на случајот, изјави дека бил изложен на притисок од страна на судската власт.  

Јиржи Чунек не е првиот познат клиент на агенцијата „Крол“. Американските финансиски детективи ги проверуваа сметките и на Садам Хусеин, на поранешниот бразилски претседател Фернанду Колор ди Мело и на починатиот филипински диктатор Фердинанд Маркос.


Наjновo од Вести
С. Кореја истрела пет ракети најверојатно со мал дострел
Воената хунта не дозволува средба на Бан Ки Мун со Сан Су Ќи
„Свинскиот грип сега е незапирлив“
Јадранка Косор доби мандат за премиер на Хрватска
Им плаќаат на емигрантите да си одат дома
Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Демир Хисар
Актерот Жарко Лаушевиќ уапсен во САД
Земјотрес во италијанскиот град Акуила каде за неколку дена ќе се одржи форум на Г-8
Прва жртва на новиот грип во Лондон
Убиен еден од шефовите на италијанската мафија
Британските здравствени власти предупредуваат на лажни лекови против вирусот на новиот грип од типот А (H1N1)
ОБСЕ ги изедначи улогите на нацистичка Германија и на Советскиот сојуз за почеток на Втората светска војна
Европската комисија ја отфрли потребата од дополнителни мерки против лажните бракови
По недолично однесување во Парламентот португалскиот министер за економија поднесе оставка
Италија донесе нов антиимиграциски закон
Висок британски офицер убиен во Авганистан
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи