
|
 |
Вести / Европа
Седум ранети во Полска во судар на камион со воз
Варшава, 16 мај (МИА) - Камион се судри со патнички воз на железничката линијаа меѓу градовите Слупск и Познан, во северна Полска, пренесоа агенциите повикувајќи се на локалната полиција.
Во несреќата се ранети седум лица.
Телевизиските екипи прикажаа снимки за тоа дека четири вагони се излезени од пругата. Се претпоставува дека возачот на камионот, со ТИР ознаки, поради магла не видел дека минува низ железнички премин.
Полицијата го истражува случајот.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|