понеделник, 01.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Европа

Претседателот на Чешка Вацлав Клаус се надева Сенатот или Уставниот суд да го блокираат ратификувањето на Лисабонскиот договор

Прага, 3 јули (МИА) - Чешкиот претседател Вацлав Клаус во интервју за весникот „Лидове новини“ изјави дека се надева Уставниот суд или горниот дом на парламентот да го блокираат ратификувањето на Лисабонскиот договор. 

Евроскептичниот чешки претседател во интервјуто одбива да посочи дали ќе го потпише документот по неговото ратифукување во парламентот. Тој меѓутоа ја поздравува одлуката на својот полски колега Лех Качински, кој изјави дека нема да го потпише законот за ратификување на Договорот од Лисабон бидејќи тој веќе е отфрлен од ирските избирачи, на референдумот што се оддржа минатиот месец. 

-Се надевам ратификувањето на Договорот од Лисабон во Чешка да биде спречено од Уставниот суд или од Сенатот, изјави Клаус.

Целта на договорот е да ги модернизира институциите на ЕУ по приклучувањето на земјите од Централна и Источна Европа. Клаус се противи на документот бидејќи според него тој го ограничува влијанието на одделните држави при донесувањето на одлуките. 

Договорот за да влезе во сила мора да биде ратификуван од сите 27 земји членки на Унијата. Неколку држави, на чело со Франција, настојуваат европските земји и покрај ирското „не“ да продолжат со ратификацијата. Меѓутоа, процесот на ратификација во Чешка не може да продолжи се додека Уставниот суд не се произнесе за неговата сообнразност со чешкото законодавство. Се очекува тоа да се случи во текот на есента. 

Лисабонскиот договор за да биде усвоен треба да биде прифатен од три петини од пратенциите во двата дома во чешкиот парламент.


Наjновo од Вести
Српскиот режисер Желимир Жилник ќе гостува во Кинотека на Македонија
Српскиот режисер Желимир Жилник ќе гостува во Кинотека на Македонија
Тирана најавува нова национална стратегија против СИДА-та
Тирана најавува нова национална стратегија против СИДА-та
Седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите
ЕК претстави план за борба против измами со ДДВ
Романот „Трчај дома“ од Лори Лансенс, најново издание на клубот „Матица“
ЕК повика на засилување на политиката на превенција од инфицирање со ХИВ/СИДА меѓу младите лица
Саркози, Туск и Тадиќ меѓу кандидатите за „европски политичар на годината“
Затвор за мајка во Германија поради убиство на две бебиња
Флоранс Хартман пред Хашки трибунал на 5 февруари идната година
Поплава во Венеција
Eксплозија во фабрика за пластика и хемикалии во англиската област Беркшир
На повидок втор референдум за Лисабонскиот договор во Ирска
Берлускони во нов судир на интереси
Државата ќе им дава хероин на зависниците во Данска
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Астрономија
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи