
|
 |
Вести / Европа
Гаспром: До крајот на годината рускиот гас ќе се продава за 500 долари за илјада кубици
Москва, 3 јули (МИА) - Рускиот природен гас за купувачите во Европа до крајот на годината ќе чини 500 долари за илјада кубни метри, денеска најави извршниот директор на „Гаспром“ Алексеј Милер.
Доколку цената на нафтата во иднина надмине 250 долари за барел, цената на илјада метри буни гас ќе достигне ниво од 1.000 долари, рече челникот на рускиот холдинг.
-Драстичното поскапување на рускиот гас ќе се случи доколку суровата нафта на светските пазари надмине цена од 250 долари за барел, рече МИлер.
На индикативната берза во Лондон, нафтата денеска се продаваше за повеќе од 146 долари за барел, а сите мериторини прогнози укажуваат дека следи период на уште поголеми котации на основната енергетска сировина.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|